• Дознајте повеќе
  • Насоки за користење
icon

Функционер(к)и под лупа

Преглед низ имотната состојба на државните функционер(к)и во Република Македонија

    • Facebook
    • Twitter
    • Google+
      • CSV

    Имотна состојба

    Според податоци на ДКСК објавени на 12 септември 2011 г.

    1.334.555 евра
    Вид на имот Вредност

    Првична имотна состојба

    Според податоци на ДКСК објавени на 12 септември 2011 г.

    1.334.555 евра
    Вид на имот Вредност

    Последна имотна состојба

    Според податоци на ДКСК објавени на 12 септември 2011 г.

    12.334.555 евра
    Вид на имот Вредност

    Дознајте повеќе

    Алатката „Функционер(к)и под лупа“ е создадена со цел да ѝ овозможи пристап на пошироката јавност до имотните состојби на функционер(к)ите во Македонија, согласно нивната законска обврска за доставување анкетни листови со нивната имотна состојба до Комисијата за заштита и спречување на корупцијата.

    Изработката на алатката произлезе како потреба и барање на група новинари, граѓански активисти и претставници на невладини организации за систематски, едноставен и брз пристап до информации поврзани со промена на имотната состојба на функционерите.

    Земајќи ги предвид интересите на пошироката јавност за пристап до податоците со коишто располагаат државните органи, БИРН преку Проектот за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор, ја изработи оваа интернет алатка со цел да го афирмира користењето на новите технологии како помагало во подобрување на пристапот до податоци од јавен карактер, објективно медиумско известување и изработка на квалитетни и сеопфатни анализи на теми од јавен интерес од страна на граѓанските организации.

    Алатката „Функционер(к)и под лупа“ дава преглед на имотната состојба на функционер(к)ите во РМ според нивните анкетни имотни листови поднесени во Комисијата преку автоматско вчитување на податоците поднесени до Комисијата.

    Насоки за користење

    Пребарувањето низ податоците се врши преку внесување на името или презимето на лицето за коешто сакате да ја дознаете имотната состојба.

    Алатката овозможува приказ на имотната состојба од првите анкетни листови коишто функционер(к)ите ја пријавиле во Комисијата, последните пријавени имотни состојби и трендот на промените на имотните состојби согласно првичните и последните поднесени анкетни листови.

    Таа им овозможува на корисниците преку детален табеларен приказ да ја увидат првично пријавената состојба и последната состојба која функцинер(к)ите ја пријавиле.

    Дополнително, преку графички приказ дава преглед на сите промени во состојбите, доколку имало такви, вклучително датумите на промена и износите согласно анкетните листови кои биле поднесени до Комисијата.

    Алатката „Функционер(к)и под лупа“ им нуди на сите корисници преземање на податоците во отворен .csv формат и ги стимулира сите заинтересирани, особено новинарите и истражувачите, да ги користат овие податоци во нивната работа.

    • лого на USAID
    • лого на BIRN

    Проект за истражувачко новинарство и соработка помеѓу медиумите и граѓанскиот сектор - Програма на УСАИД за зајакнување на независните медиуми во Македонија

    Информациите на оваа страница не се официјални информации од Владата на САД и не ги претставуваат гледиштата или ставовите на УСАИД или Владата на САД.

    Благодарност до Open Data - Macedonia за соработката.

    • Дознајте повеќе
    • Насоки за користење
    • Контакт